You are here
Home > актуелно > Facebook скенира што праќате во пораките

Facebook скенира што праќате во пораките

Facebook официјално изјави дека ги скенира пораките кои им ги праќате на другите луѓе. Друштвената мрежа вели дека ова е за да проверат дали содржината ги исполнува стандардите.

Ако сте пробале да му испратите линк од торент на некој ваш пријател тогаш ова не е изненадување за вас. Друштвената мрежа од поодамна ги отстранува овие линкови.

Секако ова значи дека мора да разгледуваат ама баш по сите пораки. Но, ако мислите дека ќе остане само на текст, се лажете. Друштвената мрежа ги скенира и анализира и сликите.

Според она што го објави Facebook , Messenger не ги користи овие податоци за рекламирање.

„На пример, ако испратите слика на Messenger, нашиот систем скенира дали на сликите станува збор за злоупотреба на деца, или дали на линкот има малициозен софтвер. Facebook ги дизајнира овие алатки за да сопре злоупотреба.

Оваа алатка сама по себе можеби и не е толку лоша, секако прашање е колку и како скенира алгоритмот и секако дали не се користат овие податоци понатаму. Сепак, овие податоци излегуваат во непријатно време за друштвената мрежа. Со куп податоци за тоа кој и како ја нарушува нашата приватност, претпазливи треба да сме со сè.

Leave a Reply

Top