You are here
Home > локално > Град Скопје го светна Клинички центар

Град Скопје го светна Клинички центар

Грдите слики на Клиничкиот центар кој со месеци беше затрупан со ѓубре, од денеска се минато благодарение на Град Скопје.

Тие, иако тоа не е нивна обврска, по бурните реакции на јавноста, го исчистија овој најголем здравствен центар во Македонија.

,,ПОВТОРНО ПОМАГАМЕ ВО ЧИСТЕЊЕТО НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР

Иако немаме обврска за чистење на Клиничкиот центар “Мајка Тереза”, сепак помагаме во неговото чистење.

Се надеваме дека Министерството за здравство и Клиничкиот ценар ќе успеат да се справат со овој проблем, а дотогаш, Град Скопје секогаш ќе стои на располагање со својата помош .

Хигиената и здравјето на граѓаните се наш врвен приоритет“-велат од Град Скопје.

На нивната официјална страница објавија повеже форографии кои покажуваат како било и како е сега.

Би било неприфатливо да се повтори истата слика на Клинички центар затрупан со ѓубре. Затоа, Министерот за здравство, меѓу другото, е должен да обезбеди достоинствено функционирање на медицинските установи и на овој план.

Leave a Reply

Top