You are here
Home > здравје > 5 магични напитоци кои ќе ви помогнат да ги намалите килограмите оваа пролет

5 магични напитоци кои ќе ви помогнат да ги намалите килограмите оваа пролет

Моќните согорувачи на масти не мора да бидат во оброците и пијалоците со лош вкус. Тие често се кријат во вкусните и здрави напитоци. Ова се препораките на др. Кристина Гербштат, автор на книгата „Диета за детоксикација“.

Вода

Звучи едноставно нели? Две чаши вода пред секој оброк можат да ви помогнат полесно да се справите со вишокот килограми. Се прашувате како? Водата заситува и така ќе имате и помал апетит, а освен тоа го дехидрира телото.

Зелен чај

Овој чај е најдоброто оружје против многу болести, но и против вишокот килограми. Масните наслаги исчезнуваат со помош на зелениот чај. Богат е со антиоксиданти кои благотворно делуваат, го забрзуваат метаболизмот и го забрзуваат трошењето калории.

Шејк од банана

Измешајте ја бананата со вода или јогурт или пак сок од портокал. Овој пијалок е богат со калиум, а докажано ги топи килограмите.

Кафе

Кофеинот го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот и особено е важен за енергија. Истражувањата посочуваат и дека луѓето кои пред вежбањето пијат кафе се во состојба понапорно и подолго да вежбаат.

Сок од  зеленчук

Зелечукот има големо количество влакна, што прави да се чувствуваме сити. Исто така, богат е со калиум, кој е клучна хранлива состојка за контрола на тежината. Препораката е да се одлучите за сок од зеленчук со ниска количина натриум, со оглед на тоа дека премногу сол може да доведе до дуење на стомакот.

Leave a Reply

Top