You are here
Home > актуелно > 6 совети за забрзување на вашиот компјутер

6 совети за забрзување на вашиот компјутер

Не е можно вашиот компјутер да е толку бавен. Сигурни сте дека не бил толку бавен, но тврдоглавиот метален ѕвер одбива послушност и не сака ништо повеќе од петминутно отворање Chrome и свирепо замрзнување и на најосновните операции. Пред да го форматирате хард дискот и да реинсталирате свежа копија на оперативниот систем, пробајте си ја среќата со некој од следниве совети. Имајте во предвид, меѓутоа, дека одредена доза внимание е потребна и доколку не сте сигурни за некоја од процедурите објаснети подолу, подобро не чепкајте.

Исклучете ги програмите кои не ги користите

Без ваше знаење, многу програми си земаат за слобода вампирски да цицаат драгоцени ресурси, ресурси кои едноставно не можете да си ги дозволите. Поради тоа претиснете Ctrl + Shift + Del или кликнете на Start (Windows логото во долниот десен агол) и во полето за пребарување напишете Task Manager. Од појавениот прозорец точно ќе видите кои програми ви трошат највеќе ресурси и доколку за некој програм знаете дека не ви е потребен, иклучете го така што првин ќе го одбележите, а потоа ќе кликнете на End Task. За да спречите програмот повторно да се појави со следното вклучување на компјутерот изберете го јазичето Startup од истиот прозорец, и од тука исклучете се што не сакате да ви се вклучува со оперативниот систем. Ова е можно и така што ќе кликнете на Start и во полето за пребарување ќе напишете msconfig. Од ново-отворениот прозорец, кликнете на Services, дефинитивно штиклирајте Hide all Microsoft Services и дештиклирајте се останато што мислите дека не ви е потребно (п.с. антивирусот е потребен, не чепкајте тоа).

Симнете ги најновите надополнување 

Пробајте да проверите да не има надополнувања за оперативниот систем. Таквото нешто обично знае да ги подобри перформансите кај повеќето конфигурации. За да успеете во намерата, кликнете на Start, напишете update, па потоа изберете Check for updates. Ако добиете порака PC is already up to date, тогаш нема за што да се грижите и проблемот го барате на друго место.

Прекинете синхронизација со клауд сервиси, како OneDrive

ОneDrive е исклучително корисна алатка за синхронизација на вашите податоци низ различни направи, но OneDrive е и гладно животно кое знае да ги загрози севкупните перформанси, особено доколку имате наместено автоматска синхронизација на многу фајлови. Поради тоа, за да спречите синхронизација во некритични моменти, кликнете на соодветната икона во лентата со задачи (taskbar) со десен клик, и изберете Pause syncing за да изберете колку време да се замрзне автоматскиот процес.

Ослободете простор

Полн хард диск е несреќен хард диск. Поради тоа, пробајте да се ослободите од непотребните работи така што ќе напишете storage преку Start и штиклирајте ја опцијата Storage Sense. На овој начин, соодветната алатка автоматски ќе отстранува непотребни работи, секој пат кога хард дискот ќе се наполни до одредена точка.

Користете ReadyBoost

Во случај да имате екстра USB со најмалку 500MB простор, тогаш би требало да активирате ReadyBoost и да пробате да ги подобрите перформансите на вашиот компјутер. За да ја овозможите услугата, приклучете го USB-то, десен клик на името на драјвот, изберете Properties, а потоа јазичето ReadyBoost. Од тука, штиклирајте Use this device, за да овозможите ReadyBoost.

Зголемете ја областа Paging File

За можно зголемување на брзината, би можеле да пробате да ја зголемите Paging File областа така што ќе напишете advanced system преку пребарувачката лента од Start копчето. Преку View advanced system settings, кликнете на Settings, па преку јазичето Advanced, кликнете на Change. Дештиклирајте ја опцијата Automatically manage paging file size, изберете Custom size и внесете ја саканата вредност.

За крај, би можеле да се консултирате и со нашата листа со 30 бесплатни програми. Некои од нив, би можеле и те како да ви помогнат во забрзување на системот.

Leave a Reply

Top