You are here
Home > локално > Кисела Вода наполни 63 години

Кисела Вода наполни 63 години

Со низа настани, денеска Општина Кисела Вода го одбележа своето 63-годишно постоење.

Празнувањето почна со најмладите, новороденчињата од овој дел на градот чии родители од градоначалникот Филип Темелковски добија ваучери во вредност од 6000 денари. Награди за постигнатиот успех на полето на науката, спортот, културата и уметноста добија и најталентираните ученици од општинските основните училишта.

Честитајќи им, градоначалникот на општина Кисела Вода изрази задоволство што во општината има толку голем број талентирани деца и нагласи дека ова признание од локалната самоуправа треба да им биде стимул за нивна понатамошна успешна работа за правилно да го искористат својот потенцијал.

Чествувањето на 63-годишниот јубилеј беше заокружен со свечената седница на Советот на Општина Кисела Вода. На истата присуствуваа голем број гости, претходни и актуелни градоначалници, претставници од централната власт, директори на јавни претпријатија, од бизнис-заедницата од Општината, пријатели на локалната самоуправа.

Leave a Reply

Top