You are here
Home > здравје > Лек за сите болести: Најздрав напиток кој го имаме дома, но го фрламе

Лек за сите болести: Најздрав напиток кој го имаме дома, но го фрламе

Таа е моќен чистач на црниот дроб. Ако боледувате од било каква болест на овој орган, редовно пијте сурутка.

Дали дома правите сирење, кефир или јогурт и ја фрлате течноста која останува по цедењето? Престанете да ја фрлате оваа течност, бидејќи сурутката е древен лек.

Таа е моќен чистач на црниот дроб. Ако боледувате од било каква болест на овој орган, редовно пијте сурутка.

Но дефинитивно може да ви помогне и при:

Хроничен умор и стрес, Дебелеење и прејадување, Висок крвен притисок, Пад на имунитетот, Желудечни тегоби, Болести на црниот дроб, Кандида, Чистење на организмот од токсини

Протеини на сурутката се:

Alfa laktalbumin – овој протеин чини 20-25 отсто од вкупните протеини на сурутката. Богат е си триптофан, кој е заслужен за производството на серотонин кој ни е потребен за добро расположение, и мелатонин кој ни е потребен за здрав сон.

Imunoglobulini – овие протеини чинат 10-15 отсто од протеините на сурутката. Имаат улога во јакнењето на имунитетот затоа што учествуваат во создавањето на антитела кои го бранат организмот од патогените клици.

Beta laktoglobulion – ова е најзастапениот протеин во сурутката и чини 50-55 отсто од нејзините протеини. Одличен извор е на есенцијални масни киселини, посебно оние кои влијаат на одржувањето на мускулите и на нивното формирање. Токму поради ова сурутката е популарна помеѓу спортистите.

Laktoferin – чини 1-2 отсто од протеините во сурутката но има многу важна улога во одржувањето на нашето здравје затоа што го спречува растот на габите и бактериите.

Glikomkropetptid – чини до 15 отсто од протеините на сурутката и има улога во создавањето на чувство на ситост. Тоа ја прави сурутката добра за слабеење.

Albumini – се протеини кои се создаваат во црниот дроб и се заслужни за транспорт на бројни минерали, хормони, масни киселини и влијаат на доброто здравје во целина.

Хранливи вредности на сировата сурутка

Јаглени хидрати. Сурутката е богата со јаглени хидрати во форма на лактоза.

Минерали. Нивниот однос зависи од самиот процес на правење на сирење, но главно, тука се калциумот, фосфорот, цинкот, калиумот и магнезиумот.

Витамините се исто така застапени во сурутката, најмногу оние од Б-комплексот.

Една чаша сурутка може да исполни 25 отсто од дневните потреби за калциум и фосфор, 10 отсто од потребите за цинк и околу 7 отсто од потребите за калиум и магнезиум.

Со една чаша сурутка ќе задоволите 10 отсто од дневните потреби за тиамин и витамин B6, 20 отсто од потребите за пантотенска киселина и витамин B12и околу 30 отсто од потребите за рибофлавин.

Дали е секоја сурутка иста и кои видови постојат?

Квалитетот на сурутката и нејзиниот состав зависи од видот на сирење кое се прави.

Може да биде слатка, а може да биде и кисела, која настанува тогаш кога лактозата (млечен шеќер) ќе се претвори во млечна киселина.

Leave a Reply

Top