You are here
Home > кујна > ПЧЕНКАРНИ МАФИНИ СО ЈОГУРТ: Вкусен појадок кој лесно се прави

ПЧЕНКАРНИ МАФИНИ СО ЈОГУРТ: Вкусен појадок кој лесно се прави

Лесен рецепт кој им успева на сите, ќе уживате во овие солени залчиња.

Состојки:

2 чаши од јогурт (200 гр) пченкарно брашно, 1 чаша брашно, 3 јајца, 100 мл масло, сол, 1/2 пециво, 200 гр сирење, 200 гр. спанаќ, 200 мл јогурт, 200 мл млеко.

Подготовка:

Во сад ставете го пченкарното брашно, јајцата, брашното, солта, маслото, сирењето, спанаќот кој претходно го обаривте и јогуртот и млекото.

Се тоа добро изедначете и ставете во калапи за мафини. Печете на 200 степени C околу 30-40 минути додека убаво не поруменеат.

Служете со јогурт или кисело млеко.

Пријатен апетит.

Leave a Reply

Top