You are here
Home > актуелно > Софи Тарнер: Осмата сезона од „Game of thrones“ ќе биде најкрвава досега

Софи Тарнер: Осмата сезона од „Game of thrones“ ќе биде најкрвава досега

Фановите на мега популарната серија „Game of thrones“ ќе мораат да почекаат уште една година за да ја гледаат осмата сезона, но Софи Тарнер се реши да открие поединечни детали, како тоа што тврди дека новиот серијал ќе биде најкрвавиот досега.

Зборувајќи за „Gold Derby“, Софи Тарнер најави многу борба и смрт во серијата.

„Тоа е играта на престолот, па очекувајте да има многу повеќе крв, смрт и емоционално мачење во однос на претходната сезона“, вели Софи.

Иако не ги изнесе деталите околу начините на смрт, мора да се признае дека ова е голем подвиг за серијата, во однос на сцените кои навикнавме да ги гледаме во текот на изминативе годнини.

Во интервјуто, британската актерка најави многу борби помеѓу групите, а Санса (ликот кој таа го толкува) исто така добива важна улога.

„Можам да ви кажам дека дефинитивно луѓето ќе се собираат за да се борат против претстоечката пропаст. Ќе има многу тензија помеѓу овие мали групи, односно борба за она што тие сметаат дека е вистинско“, открива таа.

Софи откри дека во последната сезона Санса добива улога на борец.

„Во Санса секогаш гледав некој воин, но мислам дека луѓето тоа така не го доживуваа. Секогаш имав чувство дека таа цело време учеше и се адаптираше и сега добива шанса тоа да го прикаже. Санса станува борец. Мило ми е што тоа се случи“, заклучи актерката.

Leave a Reply

Top