You are here
Home > култура > Изложба на урбани стрипови и мултимедијален настан посветен на ЕКВ во Битола

Изложба на урбани стрипови и мултимедијален настан посветен на ЕКВ во Битола

Во рамките на фестивалот „Битола отворен град 2018“, денеска во Градскиот парк ќе биде поставена изложба на урбани стрипови. На изложбата ќе бидат изложени повеќе од 35 стрипови на уметници од 10 земји.

Со почеток во 21 часот во Пацио – НУ Завод музеј Битола, пак, ќе се одржи мултимедијален  настан „60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ – како и понатаму да е тука“ – Деца из воде Трибјут то ЕКВ, односно вечер посветена на Милан Младеновиќ и легендарната „Екатарина Велика“. На настанот ќе има проекција на видеоспотови, документарен филм, фотографии и концерт со најголемите хитови на ЕКВ.

Сите настани на фестивалот „Битола отворен град” се одвиваат на отворено и без билети. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и од Општина Битола.

Leave a Reply

Top