You are here
Home > кујна > Бразилска сладолед торта со наполитанки за летно освежување

Бразилска сладолед торта со наполитанки за летно освежување

Најдобар начин да се разладите во летните денови е со сладолед, но ако сте љубител на благото, нема подобра комбинација од торта со сладолед.

Овој рецепт за бразилска сладолед торта се подготвува лесно, а ќе ви биде одлично летно освежување.

Потребни состојки:

За сос од карамел:

200 g слатка хопла
400 ml незасладено кондензирано млеко
1 лажица путер
4 лажици шеќер
4 лажици чоколадо во прав
За фил:

400 g наполитанки со чоколадо и лешник
2 l сладолед од ванила или бело чоколадо
Начин на подготовка:
За подготовка на сосот од карамел измиксирајте ги хоплата, кондензираното млеко, путерот, шеќерот и чоколадото во прав. Ставете ги на шпорет и гответе околу 30 минути со повремено мешање додека сосот не згусне. Оставете го да се излади.

Во меѓувреме смелете ги наполитанките и извадете го сладоледот малку да се стопи на собна температура. Калапот за торта обложете го со хартија или фолија и на дното истурете две третини од издробените наполитанки.

Прелијте ги со две третини од сосот од карамел и со две третини од сладоледот од ванила, а потоа израмнете ја смесата.

Потоа врз сладоледот повторно додадете ги преостанатите издробени наполитанки и прелијте со сос од карамел, а најгоре покријте со остатокот од сладоледот.

Оставете го десертот во замрзнувач неколку часа или најдобро преку ноќ. Пред да го послужите, извадете го од фрижидер и оставете го 20 минути за да не го јадете смрзнат и ладен.

Leave a Reply

Top