
Селин Индиго е млада Холанѓанка, која живее во Париз, и како и многу други девојки патува низ светот, лови прекрасни кадри од разни дестинации.
Таа вели дека патувањето во Скопје ѝ било интересно искуство и поинакво од сè што видела дотогаш во животот.
На социјалните мрежи откри дека минала неколку прекрасни денови во градот, чии улици не биле преполни со луѓе и тоа било за неа навистина освежувачкo искуство. Како највпечатливи делови од Скопје ги издвои центарот и кањонот Матка.
Но, Селин на своите пријатели на Инстаграм им откри дека Скопје е еден од најконфузните градови кои некогаш ги посетила. Таа вели дека е град со многу лица, па од модерен центар со италијански градби, изградени пред 10 години за неколку минути сте во стар дел полн со џамии и огромен пазар, мислејќи на Старата скопска чаршија и Бит пазар.
За метропола вели дека е мал и дека 3 дена се сосема доволни за посета и разгледување.
Ова се нејзините фотки направени во Скопје: