You are here
Home > култура > Настап на македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу во Атина

Настап на македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу во Атина

По освојувањето на првото место на онлајн музичкиот натпревар во организација на Меѓународната асоцијација за уметност „The Muse“ од Атина, младиот пијанист Арда Мустафаоглу денеска ќе настапи во грчката престолнина.

На концертот, сите наградени ќе имаат осум минутен настап во просториите на атинската опера, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓународното жири составено од 27 членови меѓу кои пијанистот Петрас Генусас, професор на Конзерваториумот во Вилнус, Литванија, Елена Кузњецова пијанистка, почесен уметник на Русија и професор на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, Лидија Фрумкин од САД пијанистка и долгогодишен професор по пијано на Конзерваториумот „Оберлин“, и рускиот пијанист и генерален директор на Државната руска музичка фондација, Борис Розин, одлучија македонскиот пијанист заедно со другите наградени да одржат мини концерт во Атина.

Музичкиот натпревар „E Muse” е поддржан од грчкото Министерство за култура и Министерството за туризам и се одржува од 2005 година, а до денес учествувале 920 музичари од 87 држави во светот.

Leave a Reply

Top