You are here
Home > кујна > Вкусно пилешко на грчки начин

Вкусно пилешко на грчки начин

Подгответе вкусно пилешко месо по оригинален грчки рецепт…

СОСТОЈКИ:
6 парчиња пилешко филе
500 мл доматен сос
250 гр печурки
250 гр маслини
2 чешниња лук
1 лажица сок од лимон
1 лажичка оригано
1 главица кромид
125 мл вода
400 гр ориз
сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото филе ставете го во плех намастен со масло и печете 60 минути на 175 степени.
Во меѓувреме соединете доматен сос, исечкани и исчистени печурки, маслини, исечкан лук и кромид, исцеден сок од лимон, оригано, сол и вода.
Сите состојки добро измешајте ги, ставете во поголемо тенџере, додајте пилешко кое се пече во рерна и се готви на ниска температура околу 1 час.
Посебно згответе ориз. При сервирање во секоја чинија ставете ориз и прелијте со подготвеното пилешко во сос.

Leave a Reply

Top