You are here
Home > актуелно > Во 2040 година електромобилите ќе доминираат на пазарот

Во 2040 година електромобилите ќе доминираат на пазарот

Според истражувањето од страна на Bloomberg, електричните автомобили ќе го запоседнат поголемиот дел од пазарот во 2040 година. Се очекува тогаш при продажбата на нови автомобили дури 55 проценти да бидат електрични возила. Основен фактор во бизнисот се очекува тогаш да биде кинеската индустрија.

Од Bloomberg прогнозираат дека актуелните 1,1 милиони електромобили продадени во 2017 година да бидат зголемени на 11 милиони во 2025 година, а во 2030 година се очекува да биде надмината границата од 30 милиони возила.

Како основен фактор за ова се зема фактот што тогаш електромобилите ќе станат поевтини за производство отколку колите со стандардни мотори со внатрешно согорување.

Според пресметките во однос на развојот на пазарот на електромобили се очекува 50 проценти од глобалната продажба да биде регистрирана на кинескиот пазар во 2025 година. Во исто време во Европа се очекува да биде 14 проценти, а во САД 11 проценти од светскиот пазар.e

Leave a Reply

Top