You are here
Home > култура > Струмица Опен Фест започнува на 4јули и ќе обедини 300 изведувачи на 20 различни настани

Струмица Опен Фест започнува на 4јули и ќе обедини 300 изведувачи на 20 различни настани

Преку 20 настани и околу 300 учесници  ќе бидат дел од скоро двомесечната програмата на  Струмица опен Фестивал.  Започнува на 4 јули и ќе трае до 26 август. Фестивалот годинава се одржува под мотото ,, Слушај го срцето,, а проширениот концепт вклучува голем број сегменти од културата, со настани од областа на поезијата, сликарството, фотографијата, театарот и филмот. Кулуминацијата ќе биде од 17 до 19 август кога за време на трите главни фестивалски вечери ќе настапат голем број домашни и регионални ѕвезди меѓу кои Лепа Брена, Марија Шерифовиќ, Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Дубиоза Колектив, Црвена јабука, Тони цетински.

– Струмица ќе има настани цело лето, од 4 јули до 26 август. Богата културно уметничка програма со врвни македонски изведувачи, уникатни забавни настани, рече Томи Печков

Фестивалот и годинава се реализира со поддршка на општина Струмица.

– Иако е период на летни одмори оваа година заеднички одлучивме програмата на овогодишениот фестивал Срумица опен да ја започнеме многу пораНо од досега воспоставената пракса сметајќи дека граѓаните на општина Струмица и на сите љубители на културно забавните манифестации ќе им овозможиме незаборавно струмичко лето, рече Коста Јаневски

– За да имаме и годинава успешен и квалитетен фестивал општина Струмица одлучи од својот буџет да издвои три милиони денари , а таквата одлука беше усвоена и од советот на општина Струмица, рече Марјан Даскаловски.

Организаторот најавува и повеќе програмски содржини во офф програмата , меѓу кои највпечатливи се вечерите на поезијата и афоризмите, летната школа за гитара, која ја води Влатко Стефановски, како на полумаратонска трка која се организира за прв пат.

Leave a Reply

Top