You are here
Home > актуелно > Семинар 15-23 Мај, Нистед, Данска

Семинар 15-23 Мај, Нистед, Данска

Во периодот од 15-23 мај во Нистед, Данска се одржа последната активност на проектот посветен на Чувствителноста која се јавува меѓу културите. Станува збор за еминар на кој беа собрани 15 лица од 3 различни земји, а сите беа подготвени да  споделат свои знаења и искуства на тема Интеркултурна чувствителност. Секој учесник дојде од различни културни средини и имаше нешто интересно да се сподели. Во текот на неделата, тие дознаа како е да живеат во други култури, да вкусат поинаква храна и да научат нови танци.

Домаќин на оваа активност беше Данската интеркултурна организација, локална невладина организација од Копенхаген. Примарна цел на овој проект беше да им помогне и да ги мотивира учесниците преку разни работилници и да обезбеди поддршка за младите луѓе со кои тие работат да станат  чувствителни на други култури, и да доживеат како е да чекориш во туѓи  чевли, како и да поминат низ фазите на меѓукултурна чувствителност и да ги разберат нивните реакции.

Како краен резултат на овој проект, учесниците од сите 3 активности креира игра која ќе ја користат волонтерите и ќе се сподели во училиштата.

Leave a Reply

Top