You are here
Home > здравје > Вежби за истегнување од 1 минута кои ќе ве спасат од болки во грбот

Вежби за истегнување од 1 минута кои ќе ве спасат од болки во грбот

Повеќето луѓе кои се по 8 часа, а можеби и повеќе на компјутер и постојано се во седечка положба, се соочуваат со болки во телото, најмногу во грбот.

Некои големи компании, токму поради тоа прават катчиња кои служат за одмор на вработените за да може да бидат попродуктивни и да немаат здравствени проблеми.

Но, тие се ретки и најчесто вработените во повеќето компании немаат многу време за одмор, па проблемите во грбот само се зголемуваат.

Сепак, не треба да дозволите тоа да остане така и добро е да преземете нешто.

Постојат неколку кратки вежби од 1 минута кои ќе ви помогнат добро да се истегнете и да го зајакнете грбот.

Место за тренинг: било која рамна, тврда површина, најдобро под
Времетраење: 1 минута за секоја вежба
Период: наутро, попладне или навечер
Редовност: секој ден
Зајакнување и истегнување на ‘рбетот и цел грб
Метод 1

Постепено навалувајте ги двете колена на едната страна, а главата свртете ја на спротивната страна. Рамената не ги мрдате, а рацете се широко исправени на подот.

Останете во оваа позиција 10 секунди, а потоа направете го истото на другата страна. Повторете 4 пати.

Метод 2

Легнете исправено на грб и потоа десната нога свиткајте ја и свртете ја на левата страна како на анимацијата.

Истовремено другата нога свртете ја додека коленото не ја допре земјата, а главата свртете ја на спротивната страна.

Рамената повторно не ги мрдате, а потоа се вртите на другата страна. Повторете 10 пати.

Метод 3

Полека свиткајте ги нозете во колената и кревајте ја кон градите едната па другата нога како на анимацијата. Истовремено рацете ставете ги зад глава и вртете се на страната на ногата која ја кревате.

Повторете 20 пати без престанување.

Зајакнување и истегнување на средниот дел од грбот
Метод 1

Застанете на колена потпирајќи се на рацете и свиткајте се со грбот надоле, истакнувајќи го горниот дел нагоре како мачка или камила.

Потоа свиткајте го грбот во спротивна насока истакнувајќи го задникот и главата нагоре.

Останете во положбата 15-30 секунди и повторете го истото од анимацијата 2 пати.

Метод 2

Повторно застанете во положба на мачка со грбка и потоа исправете го грбот, истовремено исправајќи ја нагоре десната нога и левата рака.

Вратете се во почетна положба и потоа повторете го истото со левата нога и десната рака.

Повторете ги движењата 10 пати но без брзање.

За истегнување на долниот дел на грбот
Легнете исправено и наизменично кревајте ги нагоре нозете свиткани во колено, а потоа враќајте ги исправени, но не ги спуштајте на земја. Повторете 10 пати, без брзање.

Leave a Reply

Top