You are here
Home > кујна > Цезар салата

Цезар салата

Рецепт за подготовка на вкусна и брза цезар салата.

Состојки:

4 парчиња леб потпечени во тост или двопек

200 грама мајонез

100 грама пармезан

Лук, Магдонос, маслиново масло

1 парче зелена салата (марула)

500 грама пишлеко бело месо

200 грама чадена сланина

Сол и црн пипер

Подготовка:

Парчињата леб или двопек исецкајте ги на мали парчиња со големина околу 1 сантиметар. Во загреано масло на оган ставете ситно исецкан лук да се пржи, додадете ги коцките леб за да се испржат заедно со лукот. Откако лебот ќе добие убава боја, додадете ситно сецкани магдонос и пармезан, потоа се добро измешајте и тргнете ја тавата од оган за да се излади.

Ситно исецкан лук ставете во мајонезот и додадете ситно исецкан магдонос, ставете сол и црн пипер, добро измешајте и ставете во ладилник да се излади.Чадената сланина исечете ја на коцки и пржете ја во тава на загреано масло, потоа во истото масло пржете го пилешкото месо исецкано на парчиња.

Марулата исецкајте ја на тенки ленти и во неа додадете го преливот од мајонезот, па добро измешајте и ставете во чинија за сервирање. Врз салатата ставете ги пилешкото месо, чадената сланина и на крај печениот леб. Декорирајте со пармезан и послужете.

Leave a Reply

Top