You are here
Home > актуелно > Дуа Липа го прекинала концертот и во солзи ја напуштила сцената: “Жал ми е, но не можам да продолжам”

Дуа Липа го прекинала концертот и во солзи ја напуштила сцената: “Жал ми е, но не можам да продолжам”

Пејачката Дуа Липа го прекинала концертот во Денвер по само три песни и во солзи си заминала од сцената. Taa моментално e на американска турнеја, но овој концерт не можела да го доврши поради силните болки кои ги имала.

Дуа објаснила дека има тешка инфекција на увото и дека едноставно има преголеми болки за да продолжи.

“Навистина се обидов, сакав да уживате. Ужасно се чувствувам бидејќи ве изневерив, но физички не можам да продолжам. Жал ми е, но не можам да продолжам … ќе се вратам, многу ми е жал. Ви благодарам”, изјавила таа низ солзи.

Дуа Липа им се извинила на своите обожаватели и по пат на Твитер:

“Последните неколку денови имам инфекција на увото. Се надевав дека ќе можам да издржам, но премногу ме болеше. Докторите ми објаснија дека можам трајно да си оштетам слухот доколку продолжам. Многу сум тажна што ве разочарав, навистина сакав да се забавувате. Задржете ги своите карти, ќе го повторам настапот”, ветила познатата пејачка.

Leave a Reply

Top