You are here
Home > здравје > Што ќе му се случи на телото ако секојдневно шетате по 30 минути?

Што ќе му се случи на телото ако секојдневно шетате по 30 минути?

Секојдневно луѓето поминуваат барем половина час пребарувајќи нешто на интернет, прелистувајќи објави на социјалните мрежи или седејќи во фотелја и гледајќи телевизија. Од друга страна, ако пешачите 30 минути дневно, би можеле да имате многу повеќе корист, барем кога е здравјето во прашање.

1. Ќе согорите околу 150 калории

Зависно од теренот и брзината на одењето, одејќи половина час согорувате околу 150 калории.

2. Ќе се чувствувате смирено

Одењето опушта, дури и ако не сте во природа, туку на прометните и бучни улици.

3. Нозете ќе ви бидат поцврсти

Само 30 минути одење дневно има одличен ефект во формирањето на мускулите. Ако покрај секојдневните прошетки се одлучите и два пати неделно да одработите тренинг за сила, ќе забележите уште подобри резултати.

4. Можете да ги намалите проширените вени

Редовното одење ја намалува појавата на проширени вени, откриваат експерти од клиника во Кливленд.

5. Ќе го подобрите системот за варење

После оброк избегнувајте да седите пред телевизор или да одмарате. 30-минутна прошетка ќе го забрза вашиот систем за варење и ќе го одржи шеќерот во нормалната граница.

6. Ќе бидете покреативни

Кога ќе одите на прошетка можете да си земете и мал тефтер со вас. Ќе се изненадите од креативноста која наеднаш ќе ве обземе, а би било добро сите идеи веднаш да ги запишете на лист.

7. Можете да извршите многу задачи

Одејќи можете да го користите својот телефон, а тоа значи и дека можете да извршите разговори поврзани со вашата работа и да одговорите на електронската пошта или едноставно само да се слушнете со семејството и пријателите.

8. Ќе ве поттикне на повеќе активности

После неколку дена одењето ќе стане ваша рутина, а првите резултати би можеле да бидат и поттик за уште повеќе активности. Обидете се да трчате или да возите велосипед, можностите се бесконечни.

Leave a Reply

Top