You are here
Home > актуелно > NEETS in NEED 08-17 June 2018, Struga

NEETS in NEED 08-17 June 2018, Struga

Помеѓу 08-17 јуни 2018 година во Струга, Република Македонија во хотелот Солферино се одржа третата активност на проектот NEETS in NEED, кофинансирана од програмата Еразмус +

. Станува збор за тренинг курс, за развивање на компетенции пд областа на претприемништвото за млади луѓе што припаѓаат на NEED групата. Младински работници и младински лидери од 4 различни земји се сретнаа и ја прикажаа реалноста во нивните земји за младите луѓе кои не се во едукационен, тренинг ниту пак во работен однос. Со овој тренинг партиципантите го збогатија своето знаење од областа на претприемништвото, се запознаа со различните практики во земјите учесници и беа запознаени со напредни методи за работа со млади кои не се во едукација, тренинг или работен однос.

Координатор на овој проект, беше партнерот од Бугарија, Академија на успехот, а локален партнер е Младински Совет Нова Генерација од Скопје, Р. Македонија.
Останати партнери се Ауделе- Уругвај и Меѓународен центар за одржлив развој од Грција

Во период од 9 дена, преку многубројни дискусии и различни работилници, учесниците исто така се здобија и со знаење во областа на претприемништвото и кои се клучните карактеристики за еден претприемач, како и остварија средби со локални претприемачи од Струшкиот регион од областа на замјоделството и производство на лешници.
За време на овој тренинг курс, учесниците од невладините организации го идентификуваа проблемот кој младите го имаат, дискутираа и преку неформално учење разменија искуства како да се мотивираат младите во нивните земји.
Последната активност на овој проект е семинар од 1-9 Септември, 2018, кој ќе се одржи во Катерини, Грција. Учесниците на овој семинар ќе имаат предизвик да изградат онлине платформа и сет од препораки за информирање на младите и поттикнување на истите да се вклучат во едукационен, тренинг или работен однос.

Leave a Reply

Top