You are here
Home > здравје > Го имаме во кујната, а не знаеме дека лечи грип и настинка за 3 часа

Го имаме во кујната, а не знаеме дека лечи грип и настинка за 3 часа

Сите го имаме во кујната но никој не е свесен дека лечи грип и настинка за 3 часа!

Само една намирница може да ве спаси од лежење во кревет со денови.

Бактерии и вируси периодов има на сите страни. Затоа е многу важно да водите сметка за вашиот имунитет во текот на овој период.

Меѓутоа што да правиме кога настинката ќе дојде до нас, витамин Ц, топли чаеви и прополис помагаат да се ублажат симптомите, но не и да се ослободите од настинката. Меѓутоа, едно природно средство може да не ослободи од неа за само неколку часа.

Студијата е објавена во магазинот “Journal of Nutrition” а резултатите покажале дека настинката можете да ја решите за неколку часа со помош на лук.

Имено, конзумирањето на порција храна со пет грама свеж лук за само три часа ќе ги активира гените кои се вклучени во производството на крвните зрнца кои го ојачуваат имуниот систем кај човекот.

Резултатите од истражувањето покажале дека настинката кај испитаниците кои конзумирале лук траела многу пократко отколку кај оние кои не јаделе лук. Научниците тврдат дека тоа е така затоа што лукот е богат со селен и витамин Ц.

Лукот, всушност, има неколку стотици терапевтски својства, потврдени од страна на научни истражувања.

Лук – со зголемување на преваленцијата на бактерии отпорни на мулти-лекови и неуспехот на конвенционалните лекови да развијат ефективни решенија против нив природата уште еднаш ја доби својата шанса.

Научниците открија зошто јадењето лук го одржува здравјето на срцето. Клучот е алицин, супстанца одговорна за неславниот мирис на лукот, вели една студија направена од страна на тим од Универзитетот во Алабама. Алицинот се распаѓа на мали компоненти кои реагираат со црвените крвни зрнца и производуваат соединение кое ги релаксира крвните садови и овозможува добар проток на крв. Покрај тоа, таа го намалува притисокот и и овозможува на крвта да пренесува повеќе кислород во телото, а со тоа ја олеснува работата на срцето. Но бидете внимателни доколку купувате концентрати да не се предозирате. Најдобро е да се користи природен, а старите велат – што повеќе мириса, толку е поздрав. Науката вели тоа е точно, бидејќи значи дека има поголема концентрација на алцин.

Употребата на лукот ги намалува кардиоваскуларните болести со намалување на високиот холестерол, го намалува ЛДЛ, лошиот холестерол, го намалува слепувањето на крвните садови и спречува згрутчување на крвта (појава на тромб), го намалува високиот крвен притисок. Влијае и на намалувањето на два други маркери на кардиоваскуларни болести, хомоцистеин и C-реактивен протеин. Лукот спречува настинки.

Leave a Reply

Top