You are here
Home > култура > Ново остварување на Тарантино: Ди Каприо објави фотка од филмот со Бред Пит

Ново остварување на Тарантино: Ди Каприо објави фотка од филмот со Бред Пит

Холивудскиот актер и Оскаровец Леонардо ди Каприо објави прва фотографија од новиот филм на Тарантино “Било еднаш во Холивуд” во кој со Бред Пит ги толкуваат главните улоги.

 

Ди Каприо во филмот го глуми Рик Далтон, додека Бред Пит е неговиот каскадер Клифт Бут. Улогата на Шерон Тејт и припадна на Маргот Роби, а останатите актери во филмот се: Ал Пачино, Дамјан Луис, Дакота Фенинг и Берт Рејнолдс.

Тарантино новиот филм го објави во февруари оваа година. Познато е дека филмот е лоциран во Лос Анџелес во шеесетите години кога филмската индустрија почнала да паѓа под налетот на хипи културата.

Тоа е и времето која Чарлс Менсон направил убиства со членовите на својот култ.

“Тешко е да зборуваме за филм што се уште не сме го направиле, но јас сум извонредно возбуден, ова е еден од најинтересните сценарија. Ќе дадеме се од себе филмот да биде фантастичен” изјави Ди Каприо.

Leave a Reply

Top