You are here
Home > кујна > СОЛЕНА ТОРТА ОД РЕНДАНИ ТИКВИЧКИ И КИСЕЛА ПАВЛАКА

СОЛЕНА ТОРТА ОД РЕНДАНИ ТИКВИЧКИ И КИСЕЛА ПАВЛАКА

Летото е идеален период за развивање на креативноста и практикување на небројни рецепти со зеленчукот кој е број еден по распространетост во ова време – тиквичките.

Така од нив во комбинација со освежителните моќи на киселата павлака можете да добиете одличен, едноставен и брз рецепт кој е без капка маснотии.

Рецептот не подразбира употреба на масло, затоа што нема пржење или похување како што се повеќето традиционални рецепти за подготовка на тиквички во летниот период.

Потребни состојки:

За корите:

2 Големи тиквички
6 Јајца
6 Лажички брашно
Магдонос по желба
За филот:

600g Кисела павлака

Подготовка:

Чекор 1: Во два сада наредете по една изрендана тиквичка, посолете ги и оставете ги да отстојат 20-тина минути да ја пуштат водата.

Чекор 2: Вклучете ја рерната на 180 степени. Изматете по 3 јајца за секоја тиквичка одделно и во нив ставете по 3 лажички брашно и малку сечкан магдонос. Смесата нанесете ја на тиквичките.

Чекор 3: Во две тави со приближна должина од 35cm и величина од 25cm поставете мрсна хартија и без употреба на масло, ставете ја смесата од јајца и тиквички. Печете околу 20 минути. Ќе добиете две текни кори кои ќе бидат меки од едната страна, а цврсти и крцкави од другата страна.

Чекор 4: На секоја од корите нанесете слој кисела павлака и оставете ги во фрижидер.

Чекор 5: Исечете делови од кората со еднаква должина и редете ги во слоеви. Можете да добиете по 5 до 6 слоја од секоја кора и да добиете вкусна солена торта.

Послужување:

Корите немаат ниту една капка масло, па се одличен солен рецепт и за оние кои внимаваат на својата исхрана. Тортата бргу заситува.

Можете да ја послужите и со други додатоци како ситно сечкана салама или кашкавал. Одлуката е ваша.

Можете и да изрендате кашкавал на последниот слој кора, наредите чери домати и магдонос и да добиете одлично декорирано предјадење за вечера со пријателите.

Leave a Reply

Top