You are here
Home > локално > Полицијата синоќа „посети“ повеќе ноќни клубови, немало примена на сила, реакции во јавноста

Полицијата синоќа „посети“ повеќе ноќни клубови, немало примена на сила, реакции во јавноста

Полицајци со оружје, како придружба на службеници од Управата за јавни приходи и на пазарната инспекција, синоќа посетиле повеќе ноќни клубови во Скопје.

Во акцијата било легитимирано вкупно 21 лице ,а тројца биле приведени. Кај еден од нив бил пронајден пиштол берета со 10 куршуми, кај вториот е пронајдена паковка со непозната прашкаста материја. Третиот бил сопственик на угостителскиот објект, кој одбил да ја почитува наредбата од полицијата, кој по приведувањето се огласи на Фејсбук. Тој обвини дека полицијата била сериозно вооружена, а гостите дрско претресувани.

Јас Огнен Узуновски не се осеќам како криминалец и Сектор 909 не е само едно обично диско,туку е еден начин на “живот”.Не можете да не сопрете,тука има многу љубов ❤️Со ова вечерва,сами Вие (знаете на кој се обраќам) треба да размислите дека ако #немаправданемамир .

За време на синоќешните случувања двајца полицајци се здобиле со полесни повреди во обидот да приведат две лица поради нарушување на редот и мирот, а затекнати биле шест малолетни лица кои биле приведени во полициската станица Карпош заради утврдување на идентитетот.

Оваа акцијата ја расипа забавата во скопските дискотеки и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.Повеќе револтирани граѓани велат дека полицајци вооружени со автоматско оружје барале да биде изгасена музиката во ноќниот клуб и вршеле контрола на возраста на гостите.

За акцијата утринава на Фејсбук реагираше и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови слободи и права, Уранија Пировска, која најави дека Хелсиншкиот комитет ќе бара одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотеки полни со луѓе.

Во сите контролирани клубови констатирано било дека работат без соодветна документација. Во два угостителски објекти била констатирана разлика во прометот во готово со фискалните каси, по што им е изречена забрана за вршење на дејност во траење од 15 денови, информираат од МВР.

Leave a Reply

Top