You are here
Home > кујна > Предлог за вечера: Погача со млад кромид и свежо сирење

Предлог за вечера: Погача со млад кромид и свежо сирење

Рецепт за убава вечера – погача со млад кромид и свежо сирење.

СОСТОЈКИ:
4 јајца
2 шолји пченкарно брашно
2 шолји бело брашно
1 шолја масло
2 шолји јогурт
1 шолја свежо кравјо сирење
1 прашок за печиво
1 лажица сол
млад кромид
суво месо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кромидот исечкајте го и измешајте го со останатите состојки. По потреба додајте млеко ако смесата е прегуста.
Сувото месо исечкајте го на коцки и наредете го на површината од смесата. Печете на 200 степени околу 40 минути. Изладете, исечкајте на коцки и послужете.
Добар апетит!

Leave a Reply

Top