You are here
Home > локално > Исто куче во еден ден искасапи четворица скопјани

Исто куче во еден ден искасапи четворица скопјани

Шестмина скопјани завчера пријавиле повреди од каснување од кучиња на Инфективна клиника. Од нив, две момчиња и две девојки, најверојатно, се нападнати од исто куче на улицата “Партениј Зографски” која поминува над Основното училиште “Кочо Рацин” на Водно и кое без никаков повод ги каснало за долните екстремитети.

– Се враќавме со другарка ми накај дома некаде 1 часот по полноќ во населбата каде живееме на Водно. Го забележавме кучето со темнокафено крзно, средна големина како лежи на тротоарот пред зграда. Само што го одминавме, почувствував како одзади ме гризнува за ногата и осетив силна болка. Испаничена се свртив и кучето веднаш се оддалечи од нас. Вознемирени продолживме со другарка ми до првата клупа на улица “Водњанска” и забележав како ми тече крв по ногата. Кога ја подигнав ногавицата од тренерката видов дека кучето со забите ми направило две дупки од кои течеше крв. Ја известив мајка ми и заедно отидовме на Ургентен во Клинички центар каде ми ја превија раната и не преупатија на Инфективна клиника – ни ја раскажа непријатната случка 22-годишната девојка.

На Инфективната клиника дознале дека тој ден шестмина скопјани пријавиле дека имаат повреди од каснување од кучиња. Неколку часа пред да и се случи инцидентот на оваа млада скопјанка, две момчиња исто така биле нападнати и каснати од куче на истата локација, веројатно од истото. И нивните повреди биле сериозни. На фејсбук-групата Женски муабети скопјанката Весна Весничка сподели статус дека и таа, истиот ден, била касната од кафено куче кај ОУ”Кочо Рацин”. Таа опишува дека кучето имало кожно ремче околу вратот и прашува дали некој го познава да и каже дали кучето е вакцинирано против беснило.

Leave a Reply

Top