You are here
Home > здравје > КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ПОЗИТИВНИ И КОГА ЖИВОТОТ НЕ ВИ ГО ДОЗВОЛУВА ТОА?

КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ПОЗИТИВНИ И КОГА ЖИВОТОТ НЕ ВИ ГО ДОЗВОЛУВА ТОА?

Кога ќе се соочите со загуба на работата, непосакувана болест, развод или прекин на врска сфаќате дека ваквите ситуации се појавуваат токму кога најмалку ги очекувате. Сите сме принудени да се бориме со тешки предизвици во животот, но некои од нас тоа го поднесуваат полесно од другите.

Разликата е во тоа што токму тие се оние луѓе кои научиле како да останат позитивни и тогаш кога нешто ги влече кон дното. Еве неколку начини кои ќе ви помогнат да останете позитивни.

Соочете се со вашата ситуација
Кога позитивното размислување станува ваша цел, првиот чекор кој морате да го направите е искрено да погледнете кон вашиот живот и кон проблемите со кои се соочувате. Запрашајте се себеси што би промениле кога станува збор за вашата ситуација. Ако имате работа, а сте незадоволни со истата, пронајдете храбрст и сменете ја. Ако сте заглавени во нездрава врска, прекинете ја. Морате подобро да разберете како се движат нештата и да одлучите како би сакале да продолжите понатаму.

Креирајте краткорочни и долгорочни цели
Креирањето на листа со краткорочни и долгорочни цели е еден убав чекор кој ќе го најави почетокот на движењето по вистинскиот пат за оние кои што сакаат да бидат или да останат позитивни. Многу полесно е кога ќе знаете што посакувате и кон што треба да се стремите. Краткорочните цели се оние кои ќе ве доведат до другите, долгорочни.

Намалете го стресот
Стресот е еден од вашите најголеми непријатели, па затоа контролирањето на негативните чувства ќе ви помогне да ја отклучите моќта на позитивното. Можете да пробате со медитирање по неколку минути секој ден или пак со вежбање. Промените веднаш ќе се забележат.

Елиминирајте ги негативните мисли и останете позитивни
Ништо не може да го уништи вашето позитивно расположение како што тоа го можат негативните мисли. Ако не внимавате тие ќе почнат да влијаат врз вашиот ум и ќе ве спречат во живеењето по сопствени правила. Претворете ги негативните мисли во позитивни и така ќе бидете среќни.

Leave a Reply

Top