You are here
Home > локално > Општина Центар ги расчисти дивите пазарџии кај ,,Зелен пазар“

Општина Центар ги расчисти дивите пазарџии кај ,,Зелен пазар“

Акцијата за расчистување на дивите пазарџии кај „Зелен пазар” продолжува и денес.

Надлежните служби на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во соработка со СВР Скопје, Општина Центар и сообраќајната полиција ги отстрануваа сите нелегално поставени тезги околу пазарот кои ја загрозуваат безбедноста на движење на жителите од околните објекти и создаваат опасност по здравјето на жителите, купувачите и продавачите заради продажбата на производи во нехигиенски услови.

Денешната акција заврши успешно, беа отстранети сите диви тезгаџии, а јавните површини исчистени.

ЈП ПОЦ и надлежните служби ќе продолжат со редовни контроли се додека трајно не се реши овој проблем, информираше градоначалникот Саша Богдановиќ.

Leave a Reply

Top