You are here
Home > кујна > Со оваа супа за 7 дена ќе имате 5 кг помалку!(рецепт)

Со оваа супа за 7 дена ќе имате 5 кг помалку!(рецепт)

Ова е една од најпопуларните диети на интернет. Ја нарекуваат “зелка диета”или “болничка диета”.

Како и да се вика, се држи седум дена, во кои наводно се симнува пет килограми, а изгледа вака:

СОСТАВ:

2 големи главици кромид

2 пиперки

2 конзерви домати

1 китка целер

1 зелка

3 моркови

1 пакет на печурки

1 до 2 бујон коцки

6-8 чаши вода

ПОДГОТОВКА:

Целниот зеленчук исецкајте го во мали коцки.

Во голем сад, на малку масло испржете го кромидот.

Додадете го зеленчукот и прелијте го со вода и коцки. Додадете зачини по вкус.

Се остава да зоврие, а потоа пак се сведува на средна температура, оставете да врие додека зеленчукот да омекне, околу 30 до 45 минути.

Можете да додадете по вкус и малку сол, бибер или други зачини, но и зеленчук без скроб, како спанаќ или боранија.

Треба да се јаде секој ден кога сте гладни.

Правила на диетата!

Диетата би требало да трае само седум дена, ни случајно повеќе. Можете да додадете некоја друга намирница, но задолжително со малку калории, и да пиете само вода или чај без шеќер.

Прв ден: Неограничена количина на супа и овошје, но не и банани.

Втор ден: Само супа и зеленчук, и тоа сурово или недоволно варено, пожелно е да биде зеленчук како спанаќ или блитва. Избегнувајте грашок, пченка и грав. Ако сте премногу гладни може да јадете еден печен компир, но без масло.

Трет ден: Супа и овошје и зеленчук, колку сакате. Но, денес, без компири и банани.

Четврти ден: Изедете до три банани во текот на денот, супа и пијте немасно млеко ако сакате. Бананите имаат многу калории и јаглехидрати, како и млекото. Супата и понатаму е задолжителна.

Петти ден: Говетско и домат. Можете да внесете 300 до 600 грама говедско, пилешко или риба. Со ова можете да изедете и шест свежи домати. Чинија супа е задолжителна.

Шести ден: Говедско, зеленчук и супа можете да јадете колку сакате.

Седми ден: Интегрален ориз и зеленчук, а за пиење – незасладен овошен сок. Можете да јадете колку сакате ориз и зеленчук, но задолжително јадете супа.

На крајот на седмиот ден, ако сте се придржувале до упатствата, ќе изгубите 4,5 до 7 килограми. Ако сте изгубиле повеќе од 7 килограми, паузирајте со диетата два дена, пред повторно да ја почнете. И секако, како и пред секоја диета и поголеми промени во исхраната треба да се консултирате со лекар.

Leave a Reply

Top