You are here
Home > кујна > Како брокулата да ја направите вкусна? Тајната е во овој рецепт!

Како брокулата да ја направите вкусна? Тајната е во овој рецепт!

Преполна е со калциум и магнезиум кои се неопходни за здравјето на забите, коските и нервите, а истите состојки помагаат за одржување на нормалниот крвен притисок.

Брокулата е на лош глас, а тоа е често заслуга на лошото приготвување. Овој чудотворен зеленчук е толку благотворен за нашето здравје. Содржи големи количини антиоксиданти, витамините А, Е и Ц кои ги има повеќе од лимонот!

Преполна е со калциум и магнезиум кои се неопходни за здравјето на забите, коските и нервите, а истите состојки помагаат за одржување на нормалниот крвен притисок. Освен што го спречува стареењето, бета-каротенот од брокулата ќе ја одржува кожата здрава и убава.

Ви донесуваме рецепт кој брокулата ќе ја направи совршено вкусна, а кромидот, маслиновото масло и медот ќе го финишираат вкусот на оваа салата.

Состојки:
1 голема брокула (исчистена и исечена на парчиња)
2-3 парчиња сушени домати
1/2 шолја исчекан кромид
1/2 шолја иситнето фета сирење
1/2 шолја исечкани бадеми

Прелив:
1/4 шолја маслиново масло
2 лажици сок од лимон
1 чешне исечкан лук
прстофат сушено оригано
1 мала лажичка мед
1 кажичка сенф
сол и црн пипер по желба

Сварете ја брокулата и измешајте ја со кромидот, доматите, сирењето и бадемот. Состојките за преливот измешајте ги и прелијте ја изладената брокула. Уживајте!

Leave a Reply

Top