You are here
Home > локално > Моторџиите не сакаат да плаќаат паркинг во Скопје

Моторџиите не сакаат да плаќаат паркинг во Скопје

Моторџиите го блокираа паркингот на Град Скопје во знак на револт по дека во блиска иднина и тие ќе треба да плаќаат паркинг низ Скопје. Тие не се согласувата со ваквата најавена мерка. На средбата со градоначалникот Шилегов изјавија дека никаде во светот не се плаќа паркинг за мотори. Но, градоначалникот им возврати дека во Скопје треба да има ред, затоа и побарал моторџиите да имаат свое обележано место за паркирање.

И покрај ваквите објаснувања од Шилегов, моторџиите останаа на својот став против плаќањето најавувајќи протести и блокирање на улиците.

По едночасовната дебата Шилегов побара од моторџиите да одредат претставник кој заедно со Градот Скопје следните денови ќе работат на изнаоѓање прифатливо решение за двете страни.

Leave a Reply

Top