You are here
Home > актуелно > Погледнете го земскиот рај на островот Milos!

Погледнете го земскиот рај на островот Milos!

Убавините на недоволно допрените природни предели се секогаш примамливи за посетителите и туристите. Тоа е така затоа што тука може да се ужива во мирната атмосфера, слушајќи ги звуците на морските бранови кои ќе ве пренесат во една блажена состојба на духот и телото.

Таква природа е онаа за нас помалку познатиот грчки остров Милос кој се наоѓа во Егејското море лоциран помеѓу Атина и остовот Крит. Ова мало островце е едно од многуте на Kikada кое е најблиску до пристаништето Пиреј.

Туристите овде не може да најдат многу забавни содржини како што се дискотеки или кафулиња, но за ваква убавина сето тое е непотребно. Една од најубавите плажи е “Sarakiniko” која настанала од бел вулкански пепел. Уште една атракција на островот е “Papafragas”, канјон низ кој можете слободно да пливате.

Драги наши читатели, ако се уште не сте се одлучиле каде да одите на одмор годинава, ние ви го предложуваме островот Милос.

Leave a Reply

Top