You are here
Home > локално > Во недостиг на работна сила, спасот се студенти и пензионери

Во недостиг на работна сила, спасот се студенти и пензионери

Одливот на работна сила се чувствува и во конзервната индустрија. Ова е главниот фактор за ограниченоста на преработувачката индустрија и недоволнат а искористеност на потенцијалните капацитети. Во најновиот извештај на Државниот завод за статистика, 23 проценти од преработувачите се пожалиле за недостиг на работна рака. Во ваква ситуација ќе бараат поддршка од ресортните министерства и институции за подобри услови и можности за ангажињрање студенти и пензионери.

И во струмичката бизнис заедница велат дека се чувствува недостигот на работна сила. Велат дека ако не се реши овој проблем, претстојат тешки денови за националната економија.

Струмичката бизнис заедница предлага намалувањето на бројот на вработени во јавната администрација и ослободување на работна сила да оди по принцип на отпремнина која ќе биде правопрпорционална со годините стаж на административците.

Од друга страна додека чекаат да ги наполнат погоните со сезонски работници, преработувачите одат кон автоматизација на производствениот процес, за помала зависност од човечки фактор.

Leave a Reply

Top