You are here
Home > здравје > Науката докажа – Ракијата има лековити својства

Науката докажа – Ракијата има лековити својства

Кај македонскиот народ отсекогаш постоело верување дека ракијата е многу лековита и дека понекогаш една чашка од неа може поволно да влијае на здравјето. Ова сега го потврдуваат и некои медицински истражувања

Како што се наведува во српскиот весник „Poljoindustrija“, истражувањата покажале дека умерено конзумирање ракија ја зголемува концентрацијата на позитивниот, а ја намалува на негативниот холестерот, како и дека оние кои умерено конзумираат од овој жесток пијалак, а боледуваат од кардиоваскуларни заболувања може да спречат инфаркт, срцеви болести, зголемен крвен притисок…

„Една чаша ракија на ден лечи воспалување на внатрешниот ѕид на крвните садови во кои се наоѓаат масни наслаги кои може да предизвикуваат пукање и срцев удар. Исто така, ракијата го забавува создавањето тромбови и го заврзува нивното разложување, ако постојат“, се вели во текстот. Притоа, под умерено конзумирање ракија се подразбира една до две чаши кои содржат 10 грама алкохол, што одговара и на една кригла пиво, чаша вино или чашка жесток пијалак.

Од друга страна, ако често се конзумира голема доза на алкохолни пијалаци, тогаш дејството е штетно, бидејќи може да го оштети срцевиот мускул и да доведе до грчење на периферните крвни садови.

Leave a Reply

Top