You are here
Home > кујна > Свилено тесто за кифли со путер

Свилено тесто за кифли со путер

Фантастични кифли!
До сега сум направила стотици кифли по различни рецепти, со различни видови на брашно, со различни форми.
Ова е најсовршеното тесто за кифли, кое го нареков свилено тесто.
Фантазија од тесто.Ви препорачувам да ги подготвите.
Верувам дека ќе бидете воодушевени

Во топлото млеко го ставаме квасецот, 1 лажиче шеќер, едно лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Во вангличка ги соединуваме втасаниот квасец, солта, остатокот од шеќер, јајцето, маслото, омекнатиот путер и киселото млеко.
Лесно со вилушка ги соединуваме.
Почнуваме да додаваме брашно, месиме со рака, се додека не добиеме средно меко тесто, кое не се лепи на рацете, а кое почнува да пука од убавина.
Го покриваме со чиста крпа и оставаме да се дуплира.
Потоа нежно го делиме на 4 токи.
Тестото ќе биде свилено и полно со меури.
Секоја топка ја расукуваме во правоаголна кора и ја премачкуваме мноооогу тенко со растопен путер.
Сечеме на триаголници.
Виткаме кифли, а при тоа по малку и го растегнуваме со рацете триаголничето.
Ги редиме во плех.
Ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме сусам.
Киснат околу 25 минути.
Ги печеме во загреана релна на 200 с околу 20 минути.
Ја послужуваме оваа убавина.

Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/%d1%81%d0%b2%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%ba%d0%b8%d1%84%d0%bb%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b5%d1%80

Leave a Reply

Top