You are here
Home > актуелно > Младински Совет Нова Генерација го одржа вториот дисеминациски настан од проектот “Less opportunities + Media tools = Better opportunities”

Младински Совет Нова Генерација го одржа вториот дисеминациски настан од проектот “Less opportunities + Media tools = Better opportunities”

На ден 13.08.2018 година, во просториите на Волонтерски центар, Младинскиот Совет НОВА ГЕНЕРАЦИЈА го одржа втората дисеминациска средба за презентација на резултатите од проектот “Less opportunities + Media tools = Better opportunities” кофинансиран од Ерасмус+ програмата. На средбата присуствуваа 15 млади луѓе, младински работници, младински лидери и експерти за неформално образование, кои беа дојдени со желба да научат повеќе за медиа алатките и кои се придобивките од нивната примена. Некпои од младите луѓе присуствуваа за првпат а некои по вторпат.

Настанот се состоеше од 3 дела.
1. Првиот дел се состоеше од презентација на Еразмус плус програмот, кои можности ги нуди и кој се може да биде дел од овој програм.
2. Исто така, беа опфатени и информации за пишување на проекти, рокови за аплицирање на проектите и за сертификатот Youth Pass.
3. После презентацијата учесниците се натпреваруваа во квиз на знаење за програмата, креиран на веб страната Kahoot.it.

Овој настан беше финансиски подржан од програмата Ерасмус +.

Leave a Reply

Top