You are here
Home > актуелно > Кои се NEETs in NEED?

Кои се NEETs in NEED?

Кои се NEETs in NEED?  Токму на ова прашање одговор се трудеа да дадат младинските работници членови на организациите:
АУДЕЛЕ од Монтевидео, Уругвај
Академија на Успехот од Стара Загора, Бугарија
Младински Совет Нова Генерација, од Скопје, Македонија и
Центар за Одржлив Развој од Јанина, Грција
Тие неколкупати се сретнаа, дискутираа и беа учесници на тренинг курсеви, како и на семинар на кој дадоа препораки и измислија нови начини за работа со оваа спечифична ранлива категорија на млади, да се интегрира во опшеството и што побрзо да излезе од таа ранлива категорија.

Младински Совет Нова Генерација изминатиот ден изврши промоција на резултатите од проектот проследена со неколку работилници и дискусии.
Настанот беше одржан во Скопје, во просториите на Lighthouse hostel и беше составен од 3 модули, од кои првиот беше презентација, вториот работилници а третиот промоција на програмата Ерасмус + и можностите кои таа ги нуди, на гостите учесници на настанот.
Овој настан беше одржан на 31 Август 2018, и е само прв од овој вид. Во план е да се одржат втор и трет настан во наредниот месец.

 

Leave a Reply

Top