You are here
Home > кујна > Питулици со тиквички – турска кујна

Питулици со тиквички – турска кујна

Од турската кујна.
– Тиквичките изрендајте ги и сосема малку посолете, оставете да одстојат околу половина час, потоа многу добро исцедете ги. Исцедени ставете во сад, додадете ги брашното, урдата или свежото сирење, млекото, зачините и измешајте добро.
– Лесно со вилушка сматете ги јајцата, додадете ги останатите состојки и измешајте.
– Земете една кора и премачкајте со смесата од јајцата, врз неа ставете друга кора, ставете од филот, преклопете од страната, замотајте во ролат.
Така постапете и со останатите кори. Ќе добиете три ролата кои ке ги ставите во подмачкана тавка или постелена со хартија за печење, премачкајте ги одозгора со остатокот од смесата за премачкување, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени и тоа да се пече околу 15 мин, а потоа намалете на 180 степени до нивно потполно испекување.
Убава питулица или пита, или пак тиквички во кори за пита. Јас во која било форма тиквичките ги обожавам.
Напомена
– Овие питулици се тенки и не нараснуваат многу, но затоа пак вкусни. Ги правев и со крем сирење, одлични на вкус. Кој не го сака кимот и копарот, изоставете.
– По рецептот е 3 јајца за премачкувањето, но уште од првиот пат кога ги правев видов дека е многу, затоа е со измена со 2 јајца. Пробајте на сол, ако не ви е солено, досолете ги тиквичките. Се печат подолго време поради влажноста на филот со тиквичките.

Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/%d0%bf%d0%b8%d1%82%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b2%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8

Leave a Reply

Top