You are here
Home > невладин сектор > Членовите на Младинскиот Совет Нова Генерација учествуваа на проект за полова еднаквост

Членовите на Младинскиот Совет Нова Генерација учествуваа на проект за полова еднаквост

Во периодот од 01-08 октомври 2018 година во градот Нистед, Данска, беше спроведена младинската размена “Жена, Маж или Човек”. Проектот е финансиран од програмата Еразмус плус и беше имплементиран од страна на Данската интеркултурна организација.

Се собраа 48 лица, кои доаѓаат од 6 различни земји (Данска, Турција, Р.Македонија, Романија, Полска и Хрватска) со цел да се подигне знаењето за прашања поврзани со родот, да се идентификуваат чекорите што водат до родово еднакво општество и да го зголемат знаењето за учесниците на програмата Еразмус + и да ги поттикнат учесниците да учествуваат во мобилноста на младите.

Учесниците од Македонја се членови на организацијата Младински Совет Нова Генерација од Скопје.
Овде може да се погледнат слики од младинската размена: линк

Преку разни работилници и неформални образовни активности, учесниците во текот на 7 дена создадоа отворено опкружување во кое дебатираат и ги идентификуваат корените на родовата нееднаквост и дознаа за реалностите на другите земји поврзани со оваа тема. Сите учесници си заминаа дома со убави сеќавања и со идеи за идна соработка.

Leave a Reply

Top