You are here
Home > невладин сектор > Толку различни, но сепак исти

Толку различни, но сепак исти

Во периодот од 19ти до 27ми октомври во Мурска Собота во Словенија се одржа Еразмус младинска размена со тема „Толку различни, но сепак исти“. На оваа младинска размена учествуваа 8 членови на  организацијаta „Младински Совет Нова генерација“. На размената вкупно учествуваа 40 млади од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина. За времетрањето на размената, преку повеќе интрактивни активности младите научија повеќе за секоја држава, нивната култура и традиција, како подобро да комуницираат и да работат во тим со млади со различно потекло. Нашите членови супер си поминаа, добро се прошетаа, се здобија со многу нови пријатели и се надеваме дека соработката со организаторот  Društvo Kreativne Mladine  ќе продолжи и во иднина и уште многу наши млади ќе имаат можност да посетат младински размени од ваков тип. Овој проект беше реализиран со финансиска подршка од програмата Ерасмус +.

Leave a Reply

Top