You are here
Home > актуелно > Младинска Размена во “Open the doors. Go Outdoor” во Нистед, Данска

Младинска Размена во “Open the doors. Go Outdoor” во Нистед, Данска

Во периодот помеѓу 11 Октомври – 18 Октомври, 2018 година 8 млади учесници од Младински Совет Нова Генерација учествуваа на младинската размена “Open the doors. Go Outdoor” која се одржа во Нистед, Данска. Останати земји партнери на проектот беа: Турција, Данска, Романија, Бугарија и Франција. За време на размената учесниците, преку разни работилници имаа можност да дискутираат за тоа колку се важни спортот и активностите во природа, што можеме да направиме за да водиме активен живот и како ние како млади луѓе можеме да донесеме позитивна промена која ќе биде пример за идните генерации. Учесниците ги презентираа ситуациите од своите земји, се дружеа и научија како да ги разбиеме стереотипите кои постојат во нашите држави. Проектот беше финансиран од програмот Еразмус Плус на Европската Комисија и сите учесници добија сертификати YouthPass.

Учесниците направија Бооклет за активен живот:
https://openthedoorsgooutdoor.wordpress.com/booklet/
и Видео:
https://www.facebook.com/draftcph/videos/175634520025417/

Leave a Reply

Top