You are here
Home > актуелно > Библиотека без книги

Библиотека без книги

Технологијата постојано го обликува начинот на кој учат младите, а просветните работници постојано бараат начини да ја искористат технологијата за таа подобро да им служи на студентите. 

Еден американски колеџ оди до екстремност преку отстранување на речиси сите книги од кампусот. Месецов Технолошкиот институт во Џорџија, САД, ја завршува последната фаза од проектот наречен „Library Next“ – амбициозен четиригодишен план за реновирање на библиотеката во институтот, додавајќи повеќе места за седење, простор за соработка меѓу студентите, мултимедијални студија и компјутерски лаборатории. 

За да се направи место за дополнителните нешта, универзитетот исчистил поголем дел од купиштата книги и преместил повеќе од 95 отсто од книгите што ги поседува – околу еден милион парчиња – на место за складирање, надвор од кампусот.
– Проектот е фундаментално реобмислување на тоа како треба да работи истражувачка библиотека во овој век во една академска институција – истакнува Кетрин Муреј-Раст, одговорна за библиотеките на институтот. 

Со реновирањата студентите ќе можат да позајмуваат книги, само што сега кога ќе ја најдат книгата на дигиталниот каталог и ќе ги скенираат нивните картички, книгата мора да биде донесена од местото каде што се чува, на пет милји од кампусот. 

Овој потег претставува голема промена во начинот на кој учат младите, смета Раст. 

– Ова покажува дека светот на образованието е дигитален, а не аналоген. Исто така, покажува дека за да бидете дел од образовната заедница, треба да знаете дека светот оди во оваа насока и вие треба да сте дел од тоа – истакнува таа. 

Фото: Business Insider

Но, преселбата на книгите не им се допаѓа на сите во кампусот. Ребека Фицсимонс, која е на постдокторски студии на Училиштето за литература, медиуми и комуникација на Институтот, вели дека со ова се променил начинот на кој таа му приоѓа на предавањето. Порано таа ги охрабрувала студентите што работат на истражувачки проекти да најдат книга во каталогот, а кога ќе отидат да ја земат, да побараат и други книги со слични наслови. Тоа веќе не е возможно.

Иако таа признава дека има и придобивки од поголемиот работен простор во библиотеката, се плаши дека транзицијата доаѓа во време кога младите се најмалку запознаени со основните функции на библиотеката. Ребека морала да им објаснува на некои студенти која е идејата на позајмување книги и дури и коригирала некои студенти што мислеле дека треба да ги платат книгите од библиотеката.

Leave a Reply

Top