You are here
Home > актуелно > Младинска Размена против говорот на омраза NO HATE, одржан во Норич, Англија

Младинска Размена против говорот на омраза NO HATE, одржан во Норич, Англија

Во периодот помеѓу 25 Февруари – 5 Март, 2019 година 10 млади учесници од Младински Совет Нова Генерација учествуваа на младинската размена “No Hate” која се одржа во Норвич, Англија. Останати земји партнери на проектот беа: Турција, Литванија, Англија и Естонија. За време на размената учесниците, преку разни работилници имаа можност да дискутираат за тоа како се јавува дискриминацијата, што можеме да направиме за да го спречиме говорот на омраза и како ние како млади луѓе можеме да донесеме позитивна промена која ќе биде пример за идните генерации. Учесниците ги презентираа ситуациите од своите земји, колку онлине говорот на омраза го обликува нашиот начин на размислување и како да ги разбиеме стереотипите кои постојат во нашите држави. Проектот беше финансиран од програмот Еразмус Плус на Европската Комисија и сите учесници добија сертификати YouthPass.

Leave a Reply

Top