You are here
Home > актуелно > Успешно имплементирана младинска размена против говорот на омраза “Обединети против говорот на омраза” во Струга од 03 до 12 јуни 2019

Успешно имплементирана младинска размена против говорот на омраза “Обединети против говорот на омраза” во Струга од 03 до 12 јуни 2019

Проектот Обединети Против Говорот на Омраза 03-12 Јуни 2019 завзема место во живописната Струга, Северна Македонија.
Учесниците дојдоа од 6 различни земји и  Словачка, Полска, Северна Македонија, Италија, Бугарија и Турција. Целта на проектот кој беше спроведен и организиран од страна на невладината организација Младински Совет Нова Генерација, беше да се подигне свеста на младите против ширењето на говорот на омраза при користење на социјалните медиуми. 

На почетокот, имавме можност да ги развиеме нашите вештини во интеркултурна средина, преку разни тим билдинг активности, со можност да се запознаеме еден со друг сите учесници, како и да бидеме во можност да ги спознаеме нашите силни и слаби страни низ фазите на проектот. Имавме можност да се здобиеме со нови познанства и можност за идна соработка.
Во следните денови на проектот, го проширивме нашето знаење за проектот и главните теми кои беа разработени: слобода на говор, говор на омраза, дискриминација, социјална инклузија, позитивни и негативни ефекти од користењето на социјалните медиуми во процесот на спречување/ширење на говорот на омраза. Во овој ден зборувавме и за стереотипите во нашите земји, и да ги споредиме со стереотипите кои другите земји ги имаат за нас.

Преку дебата, имавме можност да го искажеме нашето мислење за ситуации во кои можеби некогаш би се нашле, да се ставиме себеси во туѓи чевли, а исто така го проширивме и нашето знаење за онлине и оффлине говор на омраза.
Нашата главна цел за време на проектот беше да разработиме идеја за спроведување на кампања под хаштаг #UnitedAainstHatespeech каде што преку работа во интеркултурни тимови, дојдовме до идеја како тие кампањи ќе се спроведат, на кого ќе се однесуваат, и како ќе бидат пренесени и споделени со јавноста, односно кој канал на комуникација ќе биде користен. 

За времетраењето на работата за кампања, имавме можност да се сретнеме со млади луѓе од Охрид и Струга, да ги запознаеме со Еразмус плус програмот и со идејата за нашата идна кампања. Посетата во Охрид и Струга за сите нас беше одлично искуство, бидејќи имавме можност да уживаме за време на нашите паузи, пливаме и го разгледаме градот. За време на проектот, посетивме невладина организација од Струга, Порака Нова, која со своите дневни активности има за цел да им го олесни животот на луѓе со ментална и физичка попреченост, и има за цел да ја подигне свеста на луѓето во околината на Струга и да ги вклучи луѓето со ментална попреченост во активности со други луѓе, и да се бори против нивна дискриминација

Секоја земја, за време на проектот имаше можност да се претстави себеси, на интеркултурните вечери кои ги беа организирани, преку театарска претстава во која ќе ги скршиме стереотипите за себеси, квиз, танци и песни, кои ќе ни дадат можност да научиме повеќе еден од друг. 

Дојде и последниот ден од проектот, и со голема тага ја напуштаме Струга, меѓутоа со нетрпение чекаме следен заеднички собир и секако учество на уште еден незаборавен Еразмус плус проект

Leave a Reply

Top