You are here
Home > невладин сектор > Здравјето е првиот чекор до раст/зајакнување

Здравјето е првиот чекор до раст/зајакнување

Во периодот од 15-24 август 2018 година, во Власинското Езеро, група од 42 лица од 6 различни земји (Србија, Италија, Македонија, Турција, Романија и Бугарија) се собраа за дискусија и учење за здрав начин на живот. Оваа младинска размена, наречена “Здравјето е првиот чекор кон зајакнување”, беше финансирана од програмата Еразмус + наЕвропската Унија. Иновативната работа беше поврзана со образовниот метод врз кој беше заснован оваа размена, а преку неформалното образование сите учесници имаа важна улога во активностите.
Тие го организираа своето учење, развивајќи не само знаење за темата, туку и многу вештини како што се работењето во групи за управување со времето, јавна комуникација на различни јазици.
Во текот на 8 дена, учесниците имаа можност да научат и да разбијат некои стереотипи поврзани со здравата исхрана и да ја шират пораката за важноста на здрав начин на живот.

Leave a Reply

Top