You are here
Home > невладин сектор > EcoEntrepreneurship = The Change is Green

EcoEntrepreneurship = The Change is Green

Во периодот од 11 до 20 септември, група од 60 лица, кои доаѓаат од 6 различни земји, се здружија во Карлстад, Шведска, со главна цел – да поддржат споделување на добрите практики низ целиот свет и да предизвикаат интерес на учесниците да применат нови знаења, да практикуваат и развиваат сопствени еко-претпријатија во иднина. Учесниците од Македонија се членови на организацијата Младински Совет Нова Генерација.
Домаќин организација на овој проект беше “Carlstad Youth Association” од Карлстад, Шведска. На младинската размена учествуваа учесници од следниве земји: Шведска, Република Македонија, Словачка, Турција, Бугарија и Италија.
Сите учесници преку неформални едукативни активности и работилници во период од 9 дена дискутираа и сите заедно дојдоа со цел да се зајакнат себеси и подготвени да станат идни лидери на заедницата кои можат да дизајнираат иновативни решенија за глобалните проблеми преку еко претприемништво.
Овој проект беше финансиран од програмата Еразмус +.

Leave a Reply

Top