You are here
Home > здравје > 5 причини зошто сте постојано изморени

5 причини зошто сте постојано изморени

Легнавте на време и спиевте осум часа, но сé уште се чувствувате уморно и ненаспано? Немате желба и мотивација за ништо? 

Би било логично да се чувствувате уморно по напорниот ден преполнет со обврски, но тоа не е секогаш случај. Постојат многу други работи кои ја трошат нашата енергија.

Ова се 5 изненадувaчки причини зошто сте постојано уморни:

1. Неред

Неуреден животен или работен простор може да предизвика ментална исцрпеност. Колку повеќе работи имате во вашето видно поле, мозокот потешко ги филтрира и се концентрира само на еден проблем.

Резултатот е секогаш замор.

2. Голема пауза помеѓу оброците

Прескокнување на оброци или одложување на истите, поради обврски, не е добро за одржувње на соодветното ниво на енергија која ви е потребна за да се завршат секојдневните обврски. Ако сте зафатени и немате време да појадувте или ручате, пронајдете време да изедете нешто на брзина. Ќе се чувствувате помалку уморно.

3. Прескокнување на утринскиот тренинг

Не е важно кој вид вежба пракикувате наутро – истегнувње, кардио вежби, јога, трчање или нешто друго, лоша идеја е да ја прескокнете вашата утринска рутина за да останете во кревет подолго време. Тренинг кој трае најмалку 20 минути значително го зголемува нивото на енергијата.

4. Недостаток на железо во оброците

Недостаток на железо во крвта прави да се чувствувате уморно и неспособно за работа. Железото е важно, бидејќи го пренесува кислородот до клетките на вашите мускули. Затоа се препорачува да јадете доволно зеленчук, јајца, говедско месо и друга храна богата со железо.

5. Прекумерно спиење

Можеби ова звучи парадоксално, но понекогаш премногу долго спиење може да ве направи поуморни. Размислете за ова следниот пат кога ќе одлучите да одморите уште само 15 минути откако ќе ве разбуди будилникот.

Leave a Reply

Top