You are here
Home > здравје > 5 причини за веднаш да почнете да возите велосипед

5 причини за веднаш да почнете да возите велосипед

Додека кај нас е тренд  да се има превозно средство на четири тркала, во многу земји низ светот луѓето преферираат велосипед наместо автомобил. 

Пролетните сончеви денови се идеална прилика да го извадите запрашениот велосипед од гаражата и да почнете да го користите како превозно средство до работа или како начин на рекреација.

Но, ниту облачните денови не треба да бидат причина да го оставите велосипедот дома, напротив, не се откажувајте во свежите денови. 

Освен тоа што ќе ја поштедите природата, ќе го подобрите и вашето здравје, а ќе имате и уште неколку други бенефити:

Ќе согорите некоја калорија плус

Во просек се согоруваат најмалку 5 калории во минута, во зависност од вашата тежина и техниката на возење.

Ќе ја обликувате мускулатурата

Не, тоа не се однесува само на мускулите на нозете. Возењето велосипед освен што ќе ви помогне да ги зацврстите нозете, ќе ви ги затегне и рацете и стомакот, а особено се препорачува на оние кои имаат проблеми со половината и грбот.

Ќе го заштитите срцето

30 километри извозени на велосипед за една недела ги намалува шансите за срцево заболување дури на половина. Освен тоа, ќе го намалите крвниот притисок како и високиот холестерол.

Ќе си го подобрите расположението

Таканаречените „зелени“ активности или активностите кои се одвиваат надвор во природа докажано го подобруваат расположението. Експертите велат дека возењето велосипед ја зголемува самодовербата, го намалува чувството на замор и ја зголемува енергијата за 20%.

Ќе ги заштите зглобовите

Зглобовите на прстите, стапалата и колената се исклучително чувствителни во поодминати години, па за да се поштедите од болка и заболувања на коските и зглобовите во староста, веднаш на велосипед и правец на патека.

Велосипедот е соодветен за секого и за секаде, без разлика дали ќе го користите како превозно средство или начин на рекреација. Ова е најекономичниот начин да се превезете од едно до друго место, па уште ако го возите почесто отколку вашиот автомобил придобивките се загарантирани.

Секако, не треба да заборавите на мерките на претпазливост – иако се работи за велосипед, вие сте учесник во сообраќајот. Почитувајте ги сообраќајните знаци и секогаш имајте исправна сигнализација, особено ако возите навечер.

Leave a Reply

Top