You are here
Home > кујна > Бурито со јајца и зеленчук

Бурито со јајца и зеленчук

БДоколку сакате да изгубите некој килограм, треба да обрнете внимание на вашиот појадок. Имено, обилниот појадок може да ви помогне да ја контролирате желбата за храна во текот на денот. Најважно е појадокот да не се состои од празни калории, па доколку немате идеја, пробајте го овој рецепт за бурито со јајца и зеленчук.

Потреби состојки:

  • 2 јајца
  • 2 лажици зготвен грашок
  • 60 грама исечкани домати
  • 120 грама свеж спанаќ
  • Тортилја
  • Малку путер
  • Сол
  • Бибер (по желба)

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги јајцата со прстофат сол.
  • Растопете го путерот, па додајте ги и јајцата. Веднаш додајте ги грашокот, доматот и спанаќот.
  • Добро промешајте за да се соединат состојките и по желба додајте бибер.
  • Испржените јајца ставете ги на тортилја, направете бурито и уживајте.

Leave a Reply

Top